По најбрз пресврт во светската историја Ципрас остана неповреден, но затрупан со бури кои допрва доаѓаат. А најопасното ќе се случи ако грчкиот премиер не успее да се ослободи од баластот на комунистите во “Сириза”.

0,,18578226_303,00

Грчкиот премиер успеа да преживее неповреден откако го смени курсот на 180 степени. Ципрас не ја изгуби функцијата, независно од фактот дшто прво громогласно повика да се каже “Не!” на доверителите, а потоа го направи сигурно најбрзиот пресврт во светската историја и се потчини на нивните барања.

Нови бури

Од денеска грчкиот парламент започнува со дебатата, по која треба да ги потврди условите поставени од кредиторите. Инаку Грција ќе мора да излезе од еврозоната. Едното крило на владејачката “Сириза” нема да ги прифати овие услови – од идеолошки причини, а Ципрас ќе биде принуден да смета на поддршката на проевропската опозиција. Истото се случи и минатата недела, кога Ципрас доби од парламентот мандат за преговорите во Брисел. Оттогаш наваму балансот на силите во Грција брзо се менува. Нови бури допрва ќе ја занишаат грчката внатрешна политика, ќе има отцепувања и нови сојузи. Едно е сигурно: на крајот на бурите грчката судбината ќе продолжи да биде во рацете на Ципрас. Едноставно затоа конкуренција нема.

0,,18556443_401,00

Долго време Ципрас не правеше никаква разлика помеѓу судбината на Грција и иднината на својата партија “Сириза”. Оваа се промени во текот на ноќта по референдумот, кога тогашниот министер за финансии Варуфакис му врачи на премиерот план за воведување на паралелна валута и за спонтано излегување на Грција од еврозоната – нешто што мнозинството Грци категорично го отфрли. Тогаш Ципрас ја повлече ненадејно сопирачката, го отфрли Варуфакис и се врати кај доверителите. А убедените комунисти внатре во “Сириза” постепено остануваат во малцинство.

Три сценарија

Во моментов можеме да замислиме три сценарија. Најдобро за земјата би било ако Ципрас успее да ја задржи фактички постојната веќе широка коалиција во нешто како “влада на националното спасение”, што ќе управува до крајот на мандатот во 2019 година и да ги оствари ветените реформи. Во најлоша опција се предвремени избори наесен. Излезот од такви избори е непознат, а земјата повторно ќе биде во парализа. Но, повеќето опасно ќе се случи ако Ципрас се покаже принуден да управува со малцинска влада – и ако не успее да се ослободи од баластот на комунистичкото крило во својата партија што ќе ги саботира реформите. Грчкиот премиер би требало да го избере првото сценарио, бидејќи само тој ќе му обезбеди благонадежност од надвор.

Рајнер Херман, “Франкфуртер алгемајне цајтунг”

www.faz.net

Сите права се задржани. Copyright Frankfurter Allgemeine Zeitung, Frankfurt am Main

Слични содржини