Грција и кредиторите добија ултиматум да постигнат договор до сабота

од Vladimir Zorba

Европските лидери поставија ултиматум на крајот на првиот ден од средбата на високо ниво – до крајот на неделава Грција да постигне договор со доверителите, со што да се овозможи финансирање со над 7 милијарди евра и да се избегне банкрот, пренесува Франс прес.

sos“Сите ние се согласивме дека треба да се продолжи работата меѓу Грција и институциите и дека средбата на Еврогрупата во саботата  da има одлучувачки карактер, бидејќи времето нe притиска”, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во крајот на 10-часовни дискусии со партнерите од ЕУ , кои се собраа на самит во Брисел.

“Според мене оваа средба во саботата е од клучно значење, бидејќи ние сме соочени со краен рок”, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск  на Twitter изјави дека европските лидери се потпираат на Еврогрупата ” за да го заврши процесот во сабота “.

Државните и владините лидери од ЕУ одбиваат да бидат арбитри при напнатите преговори меѓу Атина и нејзините кредитори  (Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија) во реформите и буџетските кратења, барани од Грција во замена за деблокирањето на заем од 7,2 милијарди евра.

Евентуално излегување на Грција од еврозоната би било неизбежно, ако Атина и кредиторите  не постигнат договор во следните пет дена. Тоа го изјави утринава германскиот еврокомесар задолжен за дигиталната економија и информатичкото општество, Гинтер Отингер во етерот на радио “Дојчландфунк”.

“Ќе сториме сé до 30 јуни, па Грците да покажат дека се подготвени за реформи”, рече Отингер. “Не целиме  на Грекзит, но тој би бил неизбежен, ако не се најде решение во наредните пет дена”, истакна германскиот еврокомесар, цитиран од Ројтерс.

Слични содржини