Во Грција 2016 се прогнозира како година на пресврт за решавање на клучните прашања од надворешната политика. Државното радио „Атина984“ анализира дека голем број отворени прашања како спорот за името и Кипарското прашање се под голем притисок и интензивни активности за нивен напредок и решавање.

grcija

Според анализата, грчката влада покрај тешките одлуки за спроведување на меморандумот со мерки за штедење, ќе се најде и пред предизвикот да носи тешки одлуки во врска со националните прашања.

Што се однесува до спорот за името, во Грција преовладува ставот дека Атина иницира соработка и добрососедство преку мерките за градење доверба, меѓутоа инсистира дека на патот до решение за името стои пречката наречена македонски иредентизам.

Нови правила за превоз на мигрантите во Словенија и Хрватска. И Македонија ќе мора да ги спроведе

Во анализата на радиото се забележува дека и покрај добрата клима која владеела на средбата на двајцата шефови на дипломатијата Никола Попоски и Никос Коѕиас во Атина, сепак неколку дена подоцна во Македонија одново започнала владина кампања со иредентистички изјави каде се споменува обединување на Македонија со егејскиот дел.

„Грчката дипломатија смета дека не името, туку иредентизмот е важната тема која внесува отров во грчко-скопските врски, воден од историски тешкото име Македонија. Поради ова Коѕиас забележува дека се бара искрен компромис, со кој ќе се бори против иредентизмот и радикалниот национализам“, се вели во анализата на „Радио Атина984“.

Македонскиот иредентизам како проблем кој ги кочи македонско-грчките врски го потенцира и левичарскиот весник близок до СИРИЗА, „Авги“, а на таа тема при новогодишното обраќање говореше и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, коментирајќи дека македонските црвени линии се косат со историјата и отвораат прашања за промена на грчките граници.

– Ако ПЈРМ сака да биде примена во Европската унија и НАТО, врз основа на европското и меѓународното право, несфатливо е да бара име кое, покрај тоа што ја фалсификува драстично историјата е исполнето и со иредентизам и покрева прашања како менување на границите и ги остава отворени прашањата како менување на границите и измислување на целосно неточни национални малцинства – истакна Павлопулос.

 

META

Слични содржини