Грејната сезона ќе почне навреме, идната недела клучна за набавка на гас и струја од странство

од Берта Китинска

Од Владата велат дека и грејната сезона ќе почне навреме.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера најави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува струја за стопанството.

– Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, изјави Битиќи по манифестацијата посветена на граѓанските организации и социјални претпријатија.

Се што е под берзанската цена, според Битиќи, може да се смета за евтина цена.

– Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија. Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да плати, но се обидуваме да им обезбедиме струја. Ова се времиња на преживување, предупреди вицепремиерот.

Слични содржини