ГРЕКО: Од 23 препораки за спречување на корупција во Македонија, спроведени се само 4

од Andreja Salpe

Во извештајот за петтиот круг на евалуација на ГРЕКО којшто се однесува на „Спречување на корупција во Македонија“ наведено е дека од дваесет и три препораки за спречување корупција, спроведени се само четири, девет делумно, а десет препораки воопшто не се спроведени.

Тие имаат забелешка за вице-премиерот Љупчо Николовски, за неговата двојна улога како висок политичар и како борец против корупција. Тој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, оттаму велат ваквата практика е неприфатлива.

ГРЕКО забележува дека е неопходен понатамошен напредок за да се демонстрира прифатливо ниво на усогласеност со препораките во следните 18 месеци

Слични содржини