Гренел: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е совршен пример за неуспех на демократите

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Косово, Ричард Гренел, ги обвини демократите дека сакаат да претстават дека само тие можат да решаваат комплицирани проблеми, и како пример дека не се успешни во тоа, тој го наведе прашањето за односите меѓу Белград и Приштина .

Тој за телевизијата „Њузмакс“ изјави дека американскиот претседател Џо Бајден ги вратил во администрацијата луѓето кои работеле во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и дека тие сега започнале повторно да работат на решавање на проблемите што претходно не успеале да ги решат.

Како што рече, совршен пример за тоа е прашањето за Белград и Приштина.

„Кога станав специјален пратеник, ми рекоа дека треба да формирам сопствен тим со луѓе кои работеле на ова прашање 20 години. Реков: Зарем не мислите дека тие, ако работеа на тоа 20 години, веројатно беа неуспешни. Можеби би требало да дадам некои нови идеи“, рече Гренел.

Како што рече, таквиот став не поминува во Вашингтон.

„Сега е истиот естаблишмент. Тие сакаат тоа да се игра според нивните правила. Тоа е менталитет кој тие не го сакаат. Затоа го мразеа Доналд Трамп“, рече Гренел.

Слични содржини