Гренел: Евреите, муслиманите и христијаните се добредојдени на Косово

од Nikola Popovski

Специјалниот пратеник на Белата куќа за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, им рекол на учесниците на прославата на еврејската Нова година во Приштина дека дојде историскиот момент на воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и Косово.

„Сакав на сите мои еврејски пријатели во Косово да им ја честитам Рош Хашана, среќна Нова година. Ова е одлична работа, така што можеме заедно да го прославиме историскиот момент на воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Израел и размената на амбасади“, порачал Гренел во видео пораката емитувана за време на прославата во хотелот „Емералд“ во Приштина.

Гренел додал дека би сакал лично да присуствува на прославите во Приштина, додавајќи дека треба да знаат дека тој исто така слави со нив.

„Ви благодарам за сите ваши зборови што ќе придонесат Косово да биде место за добредојде на сите наши еврејски пријатели, муслимани и христијани“, соопштил Гренел.

Слични содржини