Гренел има нова функција: Ќе стане директор на Националната разузнавачка служба

од Nikola Popovski

Американскиот претседател се очекува да го именува американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел за в.д. директор на Националната разузнавачка служба.

“Со задоволство ви соопштувам дека нашиот високопочитуван амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ќе стане в.д. директор на Национално разузнавање. Рик ја претставува нашата земја исклучително добро и јас со нетрпение очекувам да работам со него”, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Претседателот на САД му се заблагодари на в.д. директорот за разузнавање Џо Мегвајер, кој беше на должноста од август.

Гренел ќе биде надлежен за 17 американски разузнавачки агенции, меѓу кои ЦИА, ФБИ, Агенцијата за воено разузнавање, НСА …

Назначувањето за вршител на должноста значи дека Гренел нема да мора да биде потврден во Сенатот, пренесува АП.

Гренел исто така е специјален претставник на претседателот на САД за разговорите Белград-Приштина уште од октомври, но не е познато дали тој ќе ја задржи таа улога.

Слични содржини