Гренел поднесе оставка од Стејт департментот: Дали ќе се приклучи во тимот на Трамп за изборите?

од Nikola Popovski

Ричард Гренел официјално си поднесе оставка од својата позиција во американскиот Стејт департмент.

Гренел на својот профил на Инстаграм синоќа напишал дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал подарок во претседателската канцеларија.

Гренел неодамна ја напушти позицијата амбасадор на САД во Берлин, а неговиот портпарол Дик Кастин потврдил дека Гренел ќе остане специјален пратеник на американскиот претседател во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Медиумите пред неколку дена напишаа дека Гренел ќе се приклучи на медиумскиот тим на Трамп за изборите, но тој го негирал тоа.

Слични содржини