Гренел: Тешки последици за Косово доколку Курти ги отфрли барањата на САД и ЕУ

од Nikola Popovski

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел најави „тешки последици“ за Косово доколку премиерот Албин Курти ги отфрли барањата што му ги презентираа претставниците на САД и на Европската унија.

Гренел рече дека меѓународната заедница му дала рок на Курти до петок да ги исполни обврските што неговата земја претходно ги презеде и оцени дека Курти „не разбира што се случува со Косово“, пренесува Коссев. Тој најави „тешки последици“ доколку Курти не го стори тоа.

„Моите пријатели во Косово мора да се подготват за тешки последици доколку Курти не се придржува“, рече Гренел.

Поранешниот пратеник на американскиот претседател истакнал дека „ги видел последиците“ и дека тие „не се убави“.

Најавата на Гренел следи по посетата на претставниците на САД и ЕУ на Белград и Приштина, кои побараа од Курти итно да ја деескалира кризата на северот и потоа да продолжи со спроведувањето на Охридскиот договор, односно формирањето на ЗСО.

Ескобар и Лајчак го напуштаат регионот без позитивен одговор од косовскиот премиер, што продолжува да условува повлекување на специјалните единици од северот на Косово и распишување нови избори.

Ескобар вчера во Белград ги демантираше пишувањата на медиумите дека им е даден рок на косовските власти да го исполнат барањето, но нагласи дека тој и Лајчак до петок мора да достават извештаи до претпоставените за тоа дали е постигнат напредок.

Слични содржини