Грешка на руските платеници: Фотографија ја разоткри нивната локација? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украинска артилерија го погоди седиштето на руската паравоена формација „Вагнер“ во источна Украина, соопштија пред два дена украинските власти.

Како што пренесува Index.hr, групата платеници е распоредена на Крим и во регионот Донбас во Украина од 2014 година, кога силите поддржани од Кремљ ги протераа украинските војници од областа, која подоцна ја прогласија за дел од Русија. Единици, како што се наведува, биле испратени и во Сирија, Либија, Мали и Централноафриканската Република.

На социјалните мрежи изминативе два дена кружи фотографија на која членовите на таа единица позираат пред зграда, а на фотографијата се гледа и една табла. Токму поради оваа фотографија на социјалните мрежи се појави теоријата дека со помош на таа слика Украинците откриле каде се наоѓа седиштето на „вагнерите“ во Попасна, бидејќи неколку дена по наводното создавање на слика, тоа седиште е и погодено.

На тоа сугерираше и советникот на украинскиот претседател, Антон Герашенко.

„Се чини дека локацијата е откриена со помош на слика направена од руските пропагандисти“, напиша Герашенко и објави две фотографии – едната од „вагнерите“ пред куќата, а другата од куќата по нејзиното уништување.

Слични содржини