Грета Тунберг и организацијата НАТО се меѓу кандидатите за годинешната Нобелова награда за мир

од Nikola Popovski

Младата активистка за климатските промени, Грета Тунберг, про-демократски активисти во Хонг Конг и НАТО се меѓу кандидатите за годинешната Нобелова награда за мир.

На списокот се наоѓа и саудискиот активист за човекови права Луџаин ал-Хатлул, кој беше номиниран од осум американски конгресмени.

Институтот Нобел, кој никогаш не ги потврдува ниту ги негира имињата на кандидатите, во средата објави дека има добиено 317 номинации – од кои 210 лица и 107 организации. Минатата година имаше 301 кандидат.

Ако ја освои Нобеловата награда, Грета Тунберг ќе стане втората најмлада победничка на таа престижна награда, по Малале Јусафзаи, која беше пет месеци помлада отколку Тунберг, кога ја освои наградата во 2014 година. Јусафзаи ја доби наградата за посветеноста на правата на децата на училиште, пренесува Индекс.

Седумнаесетгодишната Тунберг е позната по тоа што ги охрабрува учениците да избегаат од училиште и да се приклучат на протести, барајќи побрз одговор за климатските промени,. Таа го основа движењето „Петок за иднината“, кое инспирираше бројни младински акции низ целиот свет.

Минатогодишниот лауреат беше премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед, за мировните напори со кои се стави крај на 20-годишното непријателство со Еритреја.

Победникот ќе биде објавен во октомври.

Слични содржини