Грета Тунберг се вакцинираше: Испрати важна порака (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шведската активистка за животна средина Грета Тунберг ја прими првата доза на вакцина против коронавирус денес.

– Благодарна сум и привилегирана што живеам во дел од светот каде што можам да се вакцинирам – напиша 18-годишната девојка на Твитер со фотографија од лепенката на местото на убодот на левата рака.

Покрај тоа, таа ја критикуваше дистрибуцијата на вакцини низ целиот свет, истакнувајќи дека е „крајно нееднаква“.

„Никој не е безбеден се додека сите не бидат безбедни“, рече таа.

Слични содржини