Грилиш уапсен на пат кон дома од забава – возел во влечки ?!

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш, беше главен протагонист на инцидент на улиците на Бирмингем.

Полицијата започна истрага за играчот од средниот ред за удирање на два паркирани автомобили во областа Дикенс Хит со неговиот Ренџ Ровер.

Излегува дека се враќал од куќна забава, а снимки што се појавија во англиски таблоиди го прикажуваат како се вози во влечки.

Само еден ден пред немилиот настан, Грилиш ги покани сите луѓе да останат дома со видео порака, а потоа сам го прекршил неговиот апел.

„За да спасите животи, мора да останете дома. Излезете од куќата само за да купите храна, да купувате лекови или вежбате и секогаш запомнете да останете настрана најмалку два метри. Ова е итно, заштитете се, останете дома, спасете животи“, рече тогаш Грилиш.

Во изјава за инцидент, полицијата ги потврди деталите.

„Бевме повикани во Витерсајд, Дикенс Хит, нешто пред 10 часот за да објавиме дека бел Ренџ Ровер удрил во два паркирани автомобили на улицата. Возачот ги оставил своите детали на лице место, пред да си замине пеш, а со него во догледно време ќе разговара полицијата. Малку штета е направена на паркираните возила“, велат отааму.

Астон Вила не беше достапна за коментар во неделата.

Слични содржини