Гризман повторно ја почуствува лутината на навивачите на Барса (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Мала група незадоволни навивачи на Барселона го нападнаа автомобилот во кој се наоѓаше напаѓачот на каталонскиот клуб, Французинот Антоан Гризман.

Сè се случи по завршувањето на тренингот, кога Французинот го напушти тренинг центарот, а шпанските медиуми пренесуваат дека навивачите го сториле тоа за да го свртат вниманието на Гризман кон фактот дека „време е да се покаже почит кон Лионел Меси“.

Последните месеци се пишуваше многу за тоа како двајцата играчи не се во одлична врска, а познато е дека Гризман имаше прилично тежок период за прилагодување по пристигнувањето од Атлетико Мадрид.

Тој пред нешто повеќе од една година рече дека „Меси не е некој што зборува многу“, а не е ниту тој, па им било тешко да се согласуваат од самиот почеток.

Минатата недела сè се влоши кога чичкото на Гризман ја обвини Барселона дека се се прави за Меси да изгледа добро и на тренинзите.

Меси одговори дека е „уморен од тоа постојано да биде проблем во клубот“.

Последната сцена од тренингот ги подели навивачите на Барселона. Некои се со Меси и се согласуваат дека Гризман треба повеќе да го почитува на теренот, додека други тврдат дека поранешниот напаѓач на Атлетико е невин и го обвинуваат, без да каже ништо конкретно за сè.

Гризман и Барселона ќе го пречекаат Атлетико во дербито на 10. коло од Ла Лига, во сабота, 21 ноември, во 21 часот.

Слични содржини