Грковска: Стандардизација на јавните набавки за да нема различни цени за исти продукти

од Nikola Popovski

„Сите институции имаат список на продукти што најчесто се набавуваат. Тоа треба да се стандардизира и да нема случаи кога за истиот продукт една институција плаќа 20 денари, а друга 200 денари“ рече вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковски во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека потребно е да се изработат темплејти од страна на Бирото за јавни набавки, кои потоа институциите ќе ги следат.

„Има одредени институции што се консултираат со Бирото со јавни набавки околу чекорите и потоа немаат проблем со извршувањето, но повеќето не го прават тоа. Токму при изработката на тендерите и пишувањето на техничките спецификации се појавуваат најголемите проблеми“ рече Грковска.

Вицепремиерката додаде дека кога ќе се види огромна техинчка спецификација, до најситни детали, првата реакција на сите е дека фали уште потписот на фирмата, бидејќи се знае за кого е пишувана таа спецификација. „Потребен ни е систем, за стандардите да бидат исти и тие да се почитуваат“ заклучи Грковска.

Слични содржини