„Гробарите“ со срамна порака му го честитале роденденот на десната рака на Вељко Беливук (ФОТО)

од Nikola Popovski

Група навивачи собрани околу Фудбалскиот клуб Партизан последните денови запалиле факели и цртале графити во нивните соседства по повод роденденот на Марко Миљковиќ Маре, десна рака на Веjко Беливук, кој беше уапсен заедно со него во почетокот на февруари.

„Сè уште те сакаме, може ли некој да го забрани тоа, да си полош, да си најлош, ние сме на твоја страна! Среќен роденден на нашиот брат Марко Миљковиќ!“, било напишано под една од објавите на Инстаграм, под фотографијата на која се гледаат запалени факели.

Вториот пост гласи „Најсилните глави се Веља и Маре“.

Бидејќи Беливук и Миљковиќ и нивните најблиски соработници се наоѓаат зад решетки, на разни „гробарски“ страници на Фејсбук и Инстаграм, корисниците постојано им даваат поддршка со разни постови и песни.

Да потсетиме, Беливук и Миљковиќ и членови на нивната криминална организација беа уапсени на почетокот на февруари во голема акција на Српското министерството за внатрешни работи, а досега е запленета голема количина оружје и пари.

Слични содржини