Новиот украински премиер Володимир Гројсман и помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд разговараа вчера во Киев за напредокот во исполнувањето на Минската спогодба, соопшти прес-службата на украинската Влада. sbu-proverit-svjazi-sovetnika-nasalika-s-boevikami-lnr_rect_6ba24e80d26095960700fd88c8cbd873

Гројсман и Нуланд разговараа исто така и за идниот тек на реформите во Украина, како и за прашања поврзани со поддршката од страна на САД.

– Реалната ситуација на работите е мошне сложена, нагласил украинскиот премиер.

Нуланд истакнала дека Украина треба да заврши уште многу работа на патот на реформите.

Таа ја најавила подготвеноста да се достави следниот пакет помош од финансиските гаранции по усвојувањето од страна на Украина на закони, важни за продолжување на реформите, кои беа определени во рамки на договореното со Меѓународниот монетарен фонд.

Во меѓувреме четворица цивили се убиени, а шестмина се ранети во напад на контролен пункт на проруските сепаратисти во источна Украина од страна на силите на Киев, соопшти министерството за одбрана на т.н. Доњецка народна република, јави ТАСС.

Нападот бил извршен синоќа во селото Еленовка, покрај Доњецк со минофрлач со калибар од 120 милиметри.

Слични содржини