Гром усмрти 47 овци во Хрватска

од Nikola Popovski

Во хрватската населба Селца на островот Брач, гром усмртил 47 овци на фарма.

„За време на големото невреме утрово во Селца, молња го погоди нашето стадо овци што се наоѓаа на пасиште, при 47 животни беа усмртени“, изјавил за агенцијата Хина, Јуре Трутаниќ, син на Зоран Трутаниќ, кој е сопственик на имотот.

Тој додал дека ниту најстарите жители на местото не се сеќаваат дека молња усмртила толку многу овци на Брач ​​како што тоа се случило вчера.

Според него, преживеале пет овци.

Тој истакнал дека уште околу 15 овци од тоа стадото се наведени како исчезнати по ударот на гром, но се верува дека тие избегале околу островот од страв по грмотевицата.

Гром удрил и во камбаната на локалната црква, а остатоците паднале и оштетиле три покриви од блиските приватни куќи и три автомобили паркирани во непосредна близина на црквата.

Слични содржини