Гром во рајот! Хумелс и Левандовски се избегнуваат

од Vladimir Zorba

Тензиите во таборот на Баерн Минхен останува и денес по скандалот на вчерашниот тренинг меѓу Матс Хумелс и Роберт Левандовски.

Двајцата поранешни фудбалери на Борусија Дортмунд се познаваат одамна, но очигледно нервите не издржаа и покрај предноста од цели 19 поени на баварците во Бундеслигата и неодамнешните рекордни 14 последователни победи.

Според весникот „Билд“, Германецот се налутил на Роберт поради тоа што напаѓачот почнал да си ги врзува копачките при напад на противникот за време на тренинг.

„Дали си сериозен? Ги врзуваш чевлите додека те напаѓаат“, рекол Матс по што упатил пцовка. „Ти си оној што ја изгуби топката“, вратил Лева.

„Тоа е грешка, а кај тебе зборуваме за односот“, контрирал Хумелс, при што следел одговор од стрелецот: „Ти редовно ја губиш топката, но само зборуваш“.

Во овој момент дијалогот веќе се вжештил, бидејќи дефанзивецот рекол: „Затвори ја устата!“

По расправијата двајцата фудбалери не си подале раце и не ги средиле односите.

Денес играчите на Баерн одржаа тренинг на многу ниски температури од -10 степени и барем навидум немаше тензии во кампот на шампионите. Матс и Роберт го почитувале растојанието од неколку метри еден од друг и не го коментирале конфликтот меѓу себе.

Како што е познато, Баерн Минхен освои 14 од последните 15 натпревари во сите натпреварувања, а серијата беше прекината од ремито 0:0 со Херта дома, при кое Полјакот направи куп пропусти.
При успехот со 5:0 над Бешикташ пак порано Хумелс беше оној кој допушти испади на теренот …

Слични содржини