Гроси и Шмигал во Париз за формирање безбедносна зона во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси денеска на средба во Париз со украинскиот премиер Денис Шмигал зборуваше за воспоставување безбедносна зона во нуклеарната централа Запорожје и за новите мисии на IAEA.

„Се договоривме да распоредиме безбедносни мисии на IAEA во сите украински нуклеарни централи. Работата на воспоставување на заштитната зона Запорожје продолжува“, напиша Гроси на Твитер, пренесе агенцијата ТАСС.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа во градот Енергодар и е најголемата нуклеарна централа во Европа. Од почетокот на војната во Украина, Запорожје е изложен на гранатирање, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Слични содржини