Грција до 1 јули следната година ќе забрани употреба на пластика за еднократна употреба

од Stefanija Kuzmanovska

Грција планира да ја забрани употребата на производи за еднократна употреба од пластика до 1 јули 2021 година, изјави министерот за животна средина и енергија, Костис Хацидикис, пренесе „Блиц“.

Хацидикис ја соопшти оваа вест на настанот што се одржа на плажа во Атина каде беше најавена соработка помеѓу Министерството за животна средина и енергија и А. Ц. Ласкаридис од хуманитарната организација наречена „Грција без пластика за еднократна употреба“.

„Министерот рече дека секој ден се користат голем број пластични производи за еднократна употреба во Грција и дека тоа мора да заврши. Затоа се започнува иницијативата „Грција без пластика за еднократна употреба“, која беше силно поддржана од премиерот и која мора да се спроведе во соработка со граѓаните, рече Хацидикис.

Извршниот директор на хуманитарната организација А.Ц. Ласкаридис рече дека Грција прави голем чекор напред со воведување забрана за употреба на пластика за еднократна употреба. Таа повика на формулирање на нови закони со кои се забранува употреба на овие производи и додаде дека нивното усвојување треба да биде придружено со кампања за подигање на свеста на граѓаните, пренесуваат грчките медиуми.

Слични содржини