Грција ги менува условите за премин на границите

од Stefanija Kuzmanovska

Државјаните од земјите од т.н. зелена листа ќе можат да влезат во Грција со негативен тест за антиген, објави на денешната прес-конференција заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Деца на возраст под 12 години кои доаѓаат од земјите на зелената листа ќе можат да влезат во Грција без негативен PCR тест на коронавирусот.

Новите мерки во Грција ќе стапат на сила кога ќе бидат објавени во Службен весник.

Оние кои не биле вакцинирани против коронавирус, треба да обезбедат негативен PCR тест, не постар од 72 часа (деца до 6 години се изземени) или потврда за прележан ковид-19 во претходните 2 до 9 месеци пред патувањето.

Грците го задржаа правото по случаен избор да ги тестираат патниците на граничниот премин со брз тест, а доколку тестот е позитивен, изолацијата во домот е задолжителна 10 дена во објект по избор на патник или утврден од грчките власти на сметка на грчката држава.

Слични содржини