Грција ги отвора средните училишта и покрај рекордниот број на новозаразени

од Stefanija Kuzmanovska

Владата во Атина потврди дека Грција ќе ги отвори средните училишта од следната недела, и покрај неодамнешниот рекорден број на нови дневни случаи на инфекција, потпирајќи се најмногу на бесплатните комплети за домашно само-тестирање на ковид 19.

Медиумите пренесуваат дека грчката влада започнала со масовна дистрибуција на домашни тестови за коронавирус, за кои се надева дека ќе помогнат во контролата на пандемијата и повторно отворање на економијата.

Министерката за образование, Ники Керамеос, најави дека средните училишта повторно ќе започнат со настава на 12 април, но под услов и учениците и наставниците да носат маски и да бидат тестирани најмалку  двапати неделно на Ковид 19, според агенцијата.

Пријавено е дека бесплатните комплети за домашно тестирање, кои првично беа резервирани само за таа цел, пред масовната дистрибуција до сите возрасни лица, почнаа да се појавуваат денес во аптеките.

– Ова е огромен проект во кој Грција е во водство – нагласи заменик министерот за здравство Василис Контозаминис, според агенцијата.

Грчкиот официјален претставник додаде дека веќе се достапни 2 милиони комплети за само-тестирање, и дека уште 7 милиони ќе пристигнат во аптеките до крајот на следната недела.

Слични содржини