Грција ги зголемува паричните казни за кршење на мерките

од Stefanija Kuzmanovska

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денес најави зголемување на казните од 300 на 500 евра за граѓаните кои ги кршат мерките воведени за борба против коронавирусот.

На граѓаните им е дозволено да излегуваат надвор само од одредени причини, со претходно испраќање СМС-најава до надлежните органи или да носат изјава напишана на хартија за тоа каде, кога и на колку време одат, што самите го потпишале.

Како дел од пакетот ограничувања воведен во Грција на почетокот на ноември, беа затворени ресторани, барови, кафулиња, малопродажни објекти, освен прехрамбени, училиштата.

Основните училишта и градинките повторно се отворија оваа недела, додека средношколците посетуваат настава преку Интернет.

Говорејќи во грчкиот парламент за време на дебатата за одговорот на владата за пандемијата, Мицотакис денес објави дека малопродажниот сектор може постепено да започне со работа од следната недела, доколку епидемиолозите проценат дека тоа е безбедно.

Слични содржини