Грција и се заканува на Турција со санкции поради Аја Софија

од Vladimir Zorba

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас рече дека Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција за промена на статусот на музејот Аја Софија во Истанбул и претворање во џамија.

„Грција ги осудува овие чекори и ќе стори сé што е можно за да може Турција да ги сноси последиците. Секој што го крши меѓународното право треба да разбере дека има болни санкции за такво кршење“, рече Пецас за телевизијата Скај.

Пецас истакна дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „направил историска грешка“. Според него, треба да се очекуваат развој на настаните во наредните денови.

Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, изрази жалење поради претворањето на музејот во џамија.

На 10 јули турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет да ја претвори Аја Софија во џамија. Оваа уредба ја отповика одлуката на турските власти од 1934 година овој храм да се претвори во музеј.

Слични содржини