Грција ја продолжи забраната за влез до 22-ри февруари

од Nikola Popovski

Грција ја продолжи забраната за влез на нејзината територија на граѓаните на трети земји до 22 февруари, што важи и за граѓаните на Македонија.

Одлуката на грчката влада не се однесува на граѓаните од земјите на Европската унија и Шенген зоната.

Целта на ваквата одлука е да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Граѓаните од земјите на кои им е дозволено да влезат на грчка територија можат да ги користат граничните премини само преку Бугарија, односно граничниот премин Промахонас-Кулата, и тоа со негативен PCR тест не постар од 72 часа.

Што се однесува до камионите за превоз на стоки, отворени се седум грчки премини, четири со Бугарија и по еден со Турција, Северна Македонија и Албанија.

Одредбата за задолжителен негативен PCR тест не се однесува на возачите на камиони.

Покрај грчките територии, можат да влезат и државјани на Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Израел.

Слични содржини