ГРЦИЈА JA ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ ОД ОКОЛНИТЕ ЗЕМЈИ: Мерките предизвикаа проблеми!

од Stefanija Kuzmanovska

Грција денеска ја прошири забраната за пристигнување на патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи и за патниците од земјите од третиот свет.

Минатата недела, Грција ги засили мерките на граничните премини Евзони и Какавија на северот од земјата, кон С. Македонија, односно Албанија.

Царината работи пократко (од 7 до 17 часот) и бројот на лица кои можат да влезат во земјата дневно е ограничен на 400, а за нив е задолжителен четиринаесетдневен карантин.

Секој што сака да влезе во Грција мора да помине брз тест за антиген на ковид, вклучително и возачите на камиони.

Новите ограничувачки мерки предизвикаа проблеми, па грчките и македонските возачи протестираа на Евзони во петокот.

На туристите исто така не им е дозволен влез, но тие можат да дојдат преку преминот со Бугарија Промахонас, само треба да покажат негативен PCR тест направен во претходните 72 часа.

На граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и на граѓаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Русија и Израел, не им е забранет влез.

Здравствени работници, жители на ЕУ, членови на дипломатски мисии, дипломати, возачи на камиони, транзитни патници, студенти, негуватели на стари лица и инвалиди и сезонски земјоделски работници се изземени од забраната за влез.

Тие можат да влезат во Грција, но мора да покажат негативен PCR тест.

Слични содржини