Грција ќе плати 1,9 милијарди евра субвенции поради поскапувањето на струјата

од Vladimir Zorba

Грчката влада планира субвенција од 1,9 милијарди евра за да им помогне на домаќинствата и бизнисите да се справат со поскапувањето на струјата во септември, најави министерот за животна средина и енергетика Костас Скрекас.

„Имаме зима полна со предизвици и тешкотии поврзани со соодветно снабдување и цени на енергијата“, рече Скрекас и додаде дека цената на струјата расте поради руската инвазија на Украина.

Тој наведе дека со субвенцијата ќе бидат опфатени речиси шест милиони домаќинства, без разлика на висината на приходите или дали се снабдува со енергија за куќи или станови.

Субвенцијата ќе апсорбира 94 отсто од зголемувањето на сметките за струја во домаќинствата, 89 отсто од поскапувањето за малите и средни претпријатија и 90 отсто од зголемувањето за земјоделците, рече Скрекас.

Грција неодамна излезе од долга и тешка финансиска криза.

На крајот на минатата недела грчката економија формално го напушти режимот на „засилен надзор“ на европските кредитори.

Слични содржини