Грција не дозволи влез на косовски каратисти

од Vladimir Zorba

Карате тимот од Косово, кој отпатува на Медитеранското првенство во карате за кадети во градот Лимасол на Кипар, беше запрен на границата со С. Македонија и Грција, бидејќи грчките власти не им дозволија да влезат во таа земја.

Според „Економија онлајн“, натпреварувачите, меѓу кои и секретарот на Карате федерацијата, ја добиле целата документација, вклучително и визите добиени во амбасадата во Белград, но сепак не им било дозволено да го продолжат патот.

На Медитеранското првенство во карате за кадети, јуниори и сениори, кое од 22 до 24 октомври се организира во Лимасол, учествуваа 40 учесници, меѓу кои и технички персонал.

Онлајн економијата потсети дека ова не е прв пат на спортисти од Косово да им се забранува учество на натпревари во земји кои не ја признаваат независноста на земјата.

Слични содржини