Грција не ја крева рампата: Продолжена забраната за влез во земјата

од Nikola Popovski

Денес Грција ја продолжи забраната за пристигнување на патници од околните земји со авион, копно и море, а тоа правило важи и за патниците од земјите од третиот свет, пренесе агенцијата МИА.

Минатата недела, Грција ги засили мерките на граничните премини Евзони и Какавија на северот на земјата, кон С. Македонија, односно Албанија.

Царината работи пократко (од 7,00 до 17,00 часот) и бројот на лица кои можат да влезат во земјата дневно е ограничен на 400, а за нив е задолжителен четиринаесетдневен карантин.

Секој што сака да влезе во Грција мора да помине брз антиген тест за Ковид-19, вклучително и возачите на камиони.

Новите ограничувачки мерки предизвикаа проблеми, па грчките и македонските возачи протестираа на Евзони во петокот.

На туристите исто така не им е дозволен влез, но тие можат да дојдат преку преминот со Бугарија, Промахонас, а потребно е само да покажат негативен ПЦР-тест направен во претходните 72 часа.

На граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и на државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Русија и Израел не им е забранет влезот.

Здравствените работници, жителите на ЕУ, членовите на дипломатските мисии, дипломатите, возачите на камиони, транзитни патници, студенти, негувателите на стари лица, инвалидите и сезонските земјоделски работници се изземени од забраната за влез.

Тие можат да влезат во Грција, но мора да покажат негативен ПЦР-тест.

Слични содржини