Грција објави кога ќе ги укине строгите рестриктивни мерки

од Nikola Popovski

Грција објави дека туристичката сезона ќе започне на 15 мај, а тогаш ќе биде укината забраната за патување низ земјата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека на рестораните и кафулињата ќе им биде дозволено повторно да ги отвораат своите летни тераси од 3 мај. Ограничувањата, од кои многу се во сила од почетокот на ноември, ќе важат и за време на православниот Велигден на 2 мај.

„Нашата цел е да имаме безбеден Велигден и слободно лето. Но, едното не може да го поткопа другиот “, рекол Мицотакис.

„Затоа не треба да патувате за Велигден. Атина и другите градови сè уште имаат многу случаи на коронавирус. Масовното движење носи ризик од ширење на вирусот“,

Велигден се смета за најголем верски празник во Грција и традиционално се слави со роднини во руралните домови на предците и роднините.

Грчките граници се отворија во понеделникот, а беше укинат и задолжителниот карантин за патниците „со постојан престој во ЕУ, од Шенген-зоната, од Велика Британија, САД, Израел, Србија, Обединетите Арапски Емирати“. Сепак, туристите мора да ги почитуваат сите мерки во Грција, вклучително и забраната за движење низ земјата. Тие се должни да одат само на местото каде што резервирале сместување.

Слични содржини