Грција од 15 јули се отвора за летови од Велика Британија 

од Stefanija Kuzmanovska

Грција од 15 јули ќе биде отворена за сите летови од Велика Британија, најави денеска портпаролот на грчката влада Стелиос Пекас.

Тој објасни дека одлуката е донесена во соработка со британската влада и заснована врз препораките на експертите, пренесува АНА.

Грција требаше да ги отвори своите граници за британските туристи на 1 јули, но доцнењето се должи на епидемиолошката состојба.

Велика Британија претходно објави список од 74 земји кои англиските туристи сега можат да ги посетат без потреба од карантин, во кој е вклучена и Грција.

Слични содржини