По неодамнешниот косовско-грчки економски форум, се чини дека Атина наскоро нема да го промени ставот кон независноста на Косово, пренесува „Косово онлајн“.

„Како што знаете, Грција не го признава Косово и нејзината позиција останува непроменета. Во исто време, добро е познато дека Грција следеше конструктивен пристап кон Приштина, поздравувајќи ја косовската канцеларија за трговија и економија во Атина и работејќи со Косово за зајакнување на соработката во неколку области“, изјави шефот на грчката канцеларија за врски во Приштина, Хрисула Алифери, за ТВ „Клан Косова“.

Покрај Грција, уште четири земји-членки на ЕУ не го признаваат Косово, а тоа се Шпанија, Словачка, Романија и Кипар.

Слични содржини