Грција распоредува оклопни возила, Турција предупредува на голема опасност

од Vladimir Zorba

Турција денеска го повика грчкиот амбасадор во знак на протест, тврдејќи дека Грција распоредува десетици оклопни возила од американско производство на островите за кои Анкара смета дека треба да останат демилитаризирани во согласност со меѓународните договори.

Турските медиуми во неделата објавија воздушни снимки за кои тврдат дека го прикажува распоредувањето на грчки оклопни возила на егејските острови Самос и Лезбос, што ги зголемува тензиите меѓу двете земји на НАТО, кои имаат долга историја на ривалство, пренесува АП.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Турција нема да отстапи од одбраната на своите права и интереси против Грција.

Турските власти денеска го поканија грчкиот амбасадор Христодулос Лазарис во турското Министерство за надворешни работи, јави државната агенција Анадолija.

Се вели дека Турција, исто така, се пожалила и во Вашингтон, но не беа дадени детали.

Слични содржини