Грција: Расте бројот на пациенти, најава за на нови мерки за „балканците“

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Грција се потврдени 50 нови случаи на Ковид-19, од кои скоро половина се од патниците кои влегоа во Грција по копно и воздух, објави Националниот институт за јавно здравје, јавува АНА. Некои ограничувачки мерки се продолжени.

Голем пораст на бројот на ново заразени е регистриран на северот на Грција – 6 од нив во Солун и Санта, по еден во Халкидики и Родопи и седум во Атика.

Според официјалните податоци, досега во Грција се потврдени 3.672 случаи, а вкупниот број на загинати е 193.

Грчката влада денес ги продолжи ограничувањата за присуство на верници во сите верски установи во Грција, воведени за време на пандемијата на коронавирус до 21 август.

Врз основа на таа одлука, максималниот број на луѓе кои присуствуваат на литургии, крштевки, свадби и погреби не можат да надминат 100, објави АНА.

Како што велат Министерството за образование и религија и Министерството за здравство, максимум едно лице може да биде на површина од пет квадратни метри и мора да има простор од најмалку 1,5 метри помеѓу луѓето во која било насока.

Грчката влада објави дека е подготвена да преземе нови мерки против коронавирусот, што може да вклучува забрана за влез на граѓани на земји кои биле сериозно погодени од оваа пандемија, пренесува lifo.gr.

Владата соопшти дека зголемувањето на „увезените случаи“ е умерено и контролирано во моментот, но дека најголемиот проблем е увозот на случаи преку копнените граници, „особено поради ескалацијата на коронавирусот на Балканот“.

На српските граѓани не им е дозволено да влегуваат во Грција до 15 јули.

Слични содржини