Грција: Трета доза на вакцина за лицата со хронични болести

од Nikola Popovski

Грчкиот министер за здравство Василис Кикилијас утре ќе објави нови мерки за невакцинираните лица против Ковид-19.

Мерките ќе бидат објавени за време на прес -конференција во Министерството за здравство напладне, а на ќе учествуваат и професорка од Атинската медицинска школа и раководителот на интензивна нега во болницата „Евангелисмос“ во Атина, објави „Катимерини“.

Високи здравствени службеници денеска препорачаа луѓето со хронични болести да добијат трета, засилувачка доза на вакцина против коронавирусот, со цел да се спречи зголемување на заразените со делта сојот.

Доколку биде одобрена од владата, засилувачка доза на mRNA вакцина (Фајзер и Модерна) ќе биде достапна во првата недела од септември, соопшти Националниот комитет за вакцинација.

Слични содржини