Грција воведе посебни правила за посета на островите: Рестриктивни мерки од 5 јули

од Nikola Popovski

Грчките власти воведоа нови мерки за патување во рамките на земјата, кои вклучуваат одредени ограничувања за заминување на островите.

Веста беше објавена во четвртокот на прес-конференција на грчкиот Штаб за цивилна заштита. Од 5-ти јули, за патувања на островите ќе бидат потребни:

– За возрасни:

а) потврда за вакцинација или прележан Ковид-19

б) Негативен ПЦР-тест во последните 72 часа

в) Негативен резултат на брз тест во последните 48 часа

– За деца од 12 до 17 години:

Секој доказ, вклучувајќи го и оној од самоевалуација

– Деца под 12 години: Слободно патување

На враќање од островот, се препорачува самопроценка за сите деца под 12-годишна возраст.

Следните острови се исклучени од овие мерки: Евија, Лефкада и Саламин, каде што е можно да се патува за деловни цели под одредени услови само со самостојна проценка на симптомите.

Овие мерки беа донесени по состанокот на експерти од грчкото Министерство за здравство.

Грчките власти претходно објавија дека во земјата се регистрирани 761 нов случај на инфекција во последните 24 часа, како и четири смртни случаи.

Слични содржини