Груби-Брнз: Македонија е подготвена за бегалци од Украина

од Nikola Popovski

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби информира дека попладнево остварил средба со американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Груби, се разговарало за значењето кое партнерството меѓу САД и Македонија го има за безбедноста на земјата официјализирано со нашето членство во НАТО и за стабилноста на регионот.

-Ja информирав амбасадорката Брнз за текот на дијалогот со Бугарија и за нашиот конструктивен пристап за што поскоро деблокирање на патот на интеграцијата во ЕУ, за преземените економски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од влијанието на светската економска и енергетска криза, како и за Коридорот 8 кој се очекува да започне со изградба на средината на оваа година од страна на познатата американска компанија Бехтел Енка.

Нашиот разговор го завршивме осудувајќи ја руската агресија во Украина при што ја изразив подготвеноста на Владата за да ги пречека украинците кои ќе бараат засолниште во нашата земјa, објавија Груби на социјалните мрежи.

Слични содржини