Груби: Дали ќе гласате за Зоран, Христијан или за Албанец?

од Nikola Popovski

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на својот Фејсбук профил напиша дека во 2016 година токму ДУИ одлучила Зоран Заев да биде премиер.

„Претседателот се избира на директни избори со мнозинство гласови од граѓаните, додека премиерот, но и спикерот на парламентот, се избира со апсолутно мнозинство во Собранието од најмалку 61 пратеник како резултат на коалициските договори меѓу парламентарните партии.
Како резултат на тоа, за да илустрирам, според денешната логика на двете македонски партии, граѓаните на 11 декември 2016 година одлучија Никола Груевски да биде Премиер, но ДУИ одлучи премиер да биде Зоран Заев и сиот свет го знае ова. И сите знаат дека нашите основни услови за тоа беа јазичната еднаквост, промената на името и уставот, НАТО и ЕУ“, напиша Груби.

Според него, Талат Џафери исто така бил избран и за претседател на парламентот како резултат на коалицискиот договор,а сите други работи биле исто реализирани како резултат на коалицискиот договор.

„Сè се случува во свое време. Г-дин Ахмети ја објави оваа цел на 17 декември 2009 година во Скопје, заедно со другите стремежи. И во процес ги реализиравме претходните, уривајќи еден по еден секој столб на моноетничност, македонска супремација и македонска етничка ексклузивност стремејќи кон еднаквост.
Оваа тема требаше да биде претставена во последната недела од нашата изборна кампања за одложените избори на 12 април, според планот на кампањата која што беше суспендирана како последица на КоВид – 19.
Сега, во пресрет на изборите во првата половина на јули, го информираме навреме граѓаните да се запознаат навреме со идеата и времето за дебатата да биде доволно“, заклучува Груби во својот статус и дополнува:

„ПС: За нас е многу едноставно и нема простор за политичка акробација, паника и јазична гимнастика: Дали ќе гласате за Зоран, Христијан или за Албанец?“

Слични содржини