Груби: Инспекција одблиску на Коридорот 8

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби заедно со директорот на ЈП „Македонија Пат“ Беким Мемети, директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, г. Илбер Села денеска ја инспектира замената на старите еднојазични патокази со нови кои сега се поставуваат на албански, македонски и англиски јазик.

По овој повод, Груби рече дека долж Коридорот 8, јазичната еднаквост ќе се рефлектира, со што ќе се одрази всушност и реалната слика во Република Северна Македонија.

„Имаме многу позитивни вести за граѓаните, особено за коридорот 8 бидејќи на последната седница на владата ја усвоивме одлуката и годишната програма за работата на ЈП „Државни патишта“ во кој случај коридорот 8 е решен во форма на автопат во целост, вклучувајќи овде и трета лента на автопатот на патот Тетово-Гостивар, изградба на автопат од Гостивар до Кичево, автопат Кичево-Охрид и Охрид-Струга-Ќафасан, односно нашите граѓани од Ќафасан до Блаце со Република Косово или до другите граници ќе се возат со своите автомобили по модерен автопат“, изјави Груби.

Според првиот вицепремиер, модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и е од големо економско значење за Република Северна Македонија.

Груби исто така кажа дека со оваа одлука на владата се продолжува со инвестициите во насока на подобрувањето на квалитетот на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во согласност со правилата на Европската Унија.

Слични содржини