Груби: Jас ја водев седницата, нема именување на генерален конзул во Њујорк

од Берта Китинска

Нема одлука, нема именување на генерален конзул во Њујорк нема ништо вистина во тоа.Си продолжува со работа конзулот кој е назначен, рече вицепремиерот Артан Груби во врска со информациите дека Владата на затворена седница ја избрала тв-презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк.

На прашањето дали било разговарано на затворена седница, Груби рече: „Jас ја водев.Ви кажав не ви е точна информацијата“.

Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

– Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена, велат од МНР.

Слични содржини