Груби: Кон спорот со Бугарија пристапивме со целосна посветеност и искреност

од Nikola Popovski

Владиниот државен врв денешната посета на Софија ја продолжи со средбата со бугарскиот претседател на тамошното Собрание, Никола Минчев. На средбата покрај премиерот Димитар Ковачевски, присуствувал и првиот вицепремиер Артан Груби и македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.

– Заедно разговаравме за важноста на меморандумите потпишани за време на заедничката седница на нашите две влади и посветеноста на секоја институционална инстанца за негување на добрососедските односи. Позиционирањето на бугарскиот парламент во поддршка на политичкиот дијалог за решавање на билатералниот спор и заедничкиот пат на развој е од исклучителна важност за кредибилитетот на овој процес кон кој пристапивме со целосна посветеност и искреност, објави Груби на социјалните мрежи.

Слични содржини