Груби: Ме радува фактот што Мицкоски зборува за отворање на Уставот

од Nikola Popovski

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска изјави дека посебно го радува фактот што опозицискиот лидер Христијан Мицкоски зборува за отворање на Уставот, по предлогот за намалување на бројот на пратеници во Собранието, кое без отворање на македонскиот Устав е невозможно.

-Имаме и ние теми кои треба да бидат опфатени со отворањето на Уставот, а пример е спорот со Бугарија или внсеувањето на бугарското, хрватското или црногорското малцинство и укинувањето на ограничувањето од 20% за употреба на албанскиот јазик. Ние сме спремни да ја разгледаме таа идеја и да додаеме други дополнителни идеи за да ги затвориме сите отворени прашања, изјави Груби пред новинарите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера предложи дека треба да се намали бројот на пратеници во Собранието.

-Размислуваме да предложиме концепт кој што цениме дека ако партиите во Собранието се искрени, би можеле да го прифатат. Од друга страна мислам дека граѓаните ќе го поздрават, а тоа е намалување на бројот на пратеници, бидејќи 120 е преголем број, да биде на пример 90 по словенечкиот модел. Истовремено да имаме и една изборна единица, изјави Мицкоски во емисијата „360“.

 

Слични содржини