Груби: Не го знам ценовникот во владиното бифе, скромно е менито

од Nikola Popovski

Треба да се обратите до Службите за општи и заеднички работи до директорот Пеце Мирчевски, кој што е компетентен за тоа. Не го знам ценовникот, скромно е менито, но знам дека е евтино во собраниското и владиното бифе, но треба да се обратите до СОЗР, рече првиот заменик на премиерот, Артан Груби, одговарајќи на прашањето зошто се толку евтини цените на оброците и јадењата на владиното мени.

На прашањето како го коментира фактот дека литар зејтин е 100 до 105 денари, а бифтек во владиното бифе е 180 денари, Груби вели дека не може да одговори на тоа затоа што не е компетентен.

Тој додаде дека намалувањето на цените на основните продукти ќе се одрази во потрошувачката кошничка на граѓаните.

-Станавме пример во однос на антикризните мерки. Во Косово се бара да се копираат нашите мерки. Северна Македонија е пример за сите во Западен Балкан. Апсолутно нема да биде поштеден ниту еден трговец, информира Груби во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини