Груби: Некои од изјавите на директорот на Државниот завод за статистика се за жалење

од Берта Китинска

Првиот вицепремиер, Артан Груби, во гостувањето на тв 21 вели дека е задоволен од процесот, но не сакаше да ја коментира изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека откако ќе бидат објавени резултатите, тој ќе биде државен непријател број еден.

– Има неколку изјави на директорот на Заводот, кои се за жалење. Јас знам, но ќе оставам тој да објасни. Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина беше извонредна работа. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.

Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се, тврди Груби.

Слични содржини