Груби: Политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја

од Vladimir Zorba

„ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор“, сподели вечерва пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

„Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието. Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја“, додава тој.

Собраниската седница за законот за Јавно обвинителство беше одложена за утре во 11 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека ја седницата ја одложил поради бројката од пријавени повеќе од 30 пратенци за дискусијаи и поради жалбите од пратениците што ги примал во текот на целиот ден дека се изморени.

Во однос на пораките кои некои од пратениците му ги праќале преку фејсбук, Џафери рече дека тој нема таков профил, и им порача дека ако преку такви пораки повикуваат дека имало можност да се создаде ново мнозинство, ги повика утре на лидерска средба.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Слични содржини