Груби: Се надевам дека ќе изградиме консензус за Законот за ЈО

од Aleksandar Todeski

Имавме многу конструктивна дебата на парламентарните групи за Законот за Јавно обвинителство и сите ги кажавме согледувањата. Се дискутираше и за препораките околу експертите. ДУИ поддржува Закон за ЈО, но има конкретни забелешки, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

„Изразивме жалење зошто десет амандмани кои беа прифатени на седницата на Комисијата за европски прашања не беа инкорпорирани во овој Закон, се надеваме дека ќе ги стават во текстот. Се надевам дека ќе срочиме консензуален текст кој ќе биде прифатен од сите партии зошто се работи за системски Закон, рече Груби.

Тој повторно повика да се донесе Законот консензуално, со цел почеток на преговори на земјата со Европската Унија.

А.Т.

Слични содржини