Груби за вечерва најавува историски митинг во Чаир

од Nikola Popovski

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците и член на ДУИ, Артан Груби вчера на својот Фејсбук профил го најави присуството на лидерот на партијата, Али Ахмети на митинг закажан за вечерва во Чаир.

Тој еуфорично го најави големиот митинг во Чаир, кој доаѓа по онлајн кампањата „Да, тој доаѓа“.

-Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте го, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината. Понеделник, 20 март, 19:00 часот, сала Шабан Трстена, Чаир, Скопје!, напиша Груби.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник, Изет Меџити се изјасни за митингот. Тој истакна дека нема да учествува, бидејќи како што вели, е собир организиран со притисоци врз гласачите што ги подели.

-Не сме поканети. Тоа е собир на артанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, од секаде, рече Меџити.

Слични содржини