Груби – Задорожњук: Македонија и Украина, потенцијал за економска соработка

од Берта Китинска

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, со која се согласија дека меѓу Република Северна Македонија и Украина постојат услови за продлабочување на економската соработка.

Од Кабинетот на Груби посочија дека на средбата вицепремиерот и амбасадорката разговарале и за мерките кои во двете земји се преземаат за полесно справување со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Задорожњук се заблагодарила за поддршката што Република Северна Македонија и ја пружи на Украина со цел исполнување и брз исчекор кон евроатлантскиот пат.

Слични содржини